
Фабриката за чоколадни производи „Чоколенд“ најави дека на есен, во производствената програма ќе воведе бисквити, леб и чоколада без глутен, гумени бонбони, чоколадни банани и пралине.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фабриката за чоколадни производи „Чоколенд" најави дека на есен, во производствената програма ќе воведе бисквити, леб и чоколада без глутен, гумени бонбони, чоколадни банани и пралине.
Производството ќе почне на есен во новите производствени погони што ќе бидат завршени до крајот на јули и во кои ќе бидат вработени 70 нови работници.
Првата програма се безглутенските производи – бисквити, чоколадо и леб, втората програма ќе вклучи производство на чоколадни банани и гумени бонбони, а третата програма е производство на чоколадни пралинеа со посебно полнење, кои досега не се произведени во Србија, изјави сопственикот на фабриката Ненад Јовановиќ.
Засега, „Чоколенд" има 2.600 м² производствен и магацински простор. Главни производи се пченкарни тортиљи, чипс, чоколада, крем и какао производи.