
Раководството на групацијата „Туш“, од нова година, повторно е во рацете на нејзиниот основач Мирко Туш. Пред него, на оваа позиција беше Иван Шврљуга, кој претходно ја извршуваше функцијата директор на „Тушмобиле“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Раководството на групацијата „Туш", од нова година, повторно е во рацете на нејзиниот основач Мирко Туш. Пред него, на оваа позиција беше Иван Шврљуга, кој претходно ја извршуваше функцијата директор на „Тушмобиле".
Кон крајот на 2012 година, поради неправилности во работењето и работењето со надворешни партнери во групацијата „Туш", тогашниот генерален директор Матјаж Задравец е заменет од страна на Шврљуга.
По успешната продажба на „Тушмобиле", веќе неколку години најбрзо растечкиот мобилен оператор, раководството на групацијата „Туш" го презема Мирко Туш, додека Тања Туш останува директор, објаснуваат од компанијата.
Од компанијата објаснуваат дека Иво Шврљуга и Урош Чуфер и понатаму остануваат финансиски советници на групацијата „Туш".