
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компаниите се натпреваруваат да имаат што е можно поимпресивни реклами, што лесно се помнат, остануваат во сеќавањето на потрошувачите и пред сè влијаат на желбата за купување, се наведува во соопштението на агенцијата за односи со јавноста „Рајт“, која ги анализираше ефектите во рекламите на потрошувачите.
Компаниите се натпреваруваат да имаат што е можно поимпресивни реклами, што лесно се помнат, остануваат во сеќавањето на потрошувачите и пред сè влијаат на желбата за купување, се наведува во соопштението на агенцијата за односи со јавноста „Рајт", која ги анализираше ефектите во рекламите на потрошувачите.

Современите медиуми на различен начин влијаат на мислењето на луѓето. Во нашата свест и потсвест, рекламите секојдневно оставаат слики на услугата и на производот. Многу од компаниите ангажираат познати личности во рекламите за своите производи за потрошувачите да се поистоветуваат со нив и токму тој производ да го посакаат за себе. Со нивните однесување, говор и изглед влијаат на имиџот на компанијата, но пред сè имаат моќ да ја зголемат заинтересираноста за производот и неговата продажба.
Освен познатите личности, сè повеќе од компаниите редовно откупуваат права од актуелните и познатите ѕвезди. Музиката е доминантен елемент во 90 отсто од рекламите. Како што модата се менува од генерација на генерација, така се менуваат и музичките вкусови. Меѓутоа, постојат мелодии што публиката ги препознава без оглед навозраста, се наведува во соопштението.
Познато е дека музиката од некоја реклама или спот ќе го привлече вниманието на детето дури и кога тоа е заиграно. Децата со голем интерес ги гледаат и ги помнат телевизиските реклами. Сликите заедно со одредена музика предизвикуваат љубопитност, често се повторуваат и траат кратко и затоа успеваат длабоко да се врежат во нашите сеќавања.
Од агенцијата „Рајт" потсетуваат на многу примери на познати песни што се користени во рекламните спотови. Првата компанија што во реклама вовела песна е „Бургер Кинг" со нумерата Freeway of love. Во рекламниот спот „Кокта" ја користеше познатата песна на „Денис и Денис", „Програм твог компјутера", додека „Имлек" за својот бренд „Моја Кравица", ја користеше песната „Макарена". Компанијата „Јамница" во својот рекламен спот го искористи познатиот хит „Дечко ајде олади".