
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од Управата за индиректно оданочување на БиХ велат дека во првите девет месеци од оваа година се увезени 114.026 тони алкохолни пијалаци со вкупна вредност од околу 63 милиони евра, од кои најмногу пива и радлери со вкус на лимон, јаболко и грејпфрут.
Од Управата за индиректно оданочување на БиХ велат дека во првите девет месеци од оваа година се увезени 114.026 тони алкохолни пијалаци со вкупна вредност од околу 63 милиони евра, од кои најмногу пива и радлери со вкус на лимон, јаболко и грејпфрут.
Најмногу се увезува од Хрватска, Србија, Македонија и Словенија, Холандија, Унгарија и Данска. Кога станува збор за виното, реализиран е увоз во вредност од девет милиони евра, во најголемиот дел од Црна Гора, Србија, Хрватска, Македонија, Словенија, Италија и Франција. Извезени се 7.760 тони алкохолни пијалаци, во вредност од околу 6,5 милиони евра.
Храната од животинско потекло доаѓа од Австралија и Уругвај, Холандија, Австрија, Германија, Италија, Турција, Полска, Шпанија, Данска и Белгија, а млекото и павлаката од Сиера Леоне. Во првите девет месеци од оваа година увезени се повеќе од 25 илјади тони месо, во вредност од околу милиони евра, додека во истиот период остварено е 7,5 милиони евра извоз.