
„Млинотест“ минатата година оствари приходи од 51,3 милион евра и нешто помалку од 1,7 милион евра чист профит, покажува најновиот неревидиран финансиски извештај.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Млинотест" минатата година оствари приходи од 51,3 милион евра и нешто помалку од 1,7 милион евра чист профит, покажува најновиот неревидиран финансиски извештај.
Како и приходите, така и профитот, во споредба со 2016 година, бележи зголемување за неколку проценти. Приходите од продажбата беа приближно за околу два милиона евра, односно 4 отсто повеќе од минатата година. Чистата добивка е зголемена за 14 отсто.
Групацијата „Млинотест", во која освен матичната компанија работат уште пет, минатата година постигнаа приходи од 59,4 милиони евра од продажбата и 1,3 милион евра добивка. Тоа е за 10 отсто повеќе од минатата година.
На 60-годишнината од отворањето на првата фабрика за тестенини во Ајдовчина најголема инвестиција годинава е новата фабрика за тестенини на компанијата. Целата инвестиција вреди четири милиони евра. Фабриката официјално ќе биде отворена во мај бидејќи првата фабрика на тестенини беше отворена на 4 мај 1958 година.