
Претседателот на одборот на „Млинотест“, Данило Кобал објави дека во јануари ќе ја тестира новата фабрика за полнети тестенини која, според него, ќе биде најмодерната источно од Верона.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претседателот на одборот на „Млинотест", Данило Кобал објави дека во јануари ќе ја тестира новата фабрика за полнети тестенини која, според него, ќе биде најмодерната источно од Верона.

Според изјавите на Кобал, компанијата планира двоцифрен пораст, како на ниво на групацијата така и на ниво на сите програми поединечно.
Ја завршуваме фабриката за полнети тестенини во Ајдовшчина и кон крајот на јануари почнуваме со пробно производство. Вакво производство имаме во Хрватска и во Србија, но хрватското производство го селиме во Словенија. Оваа инвестиција беше неопходна, бидејќи не можевме да ги следиме трендовите во производство од Италија, иако имаме најголем пазарен удел во Хрватска и кај нас во Словенија, нагласи Кобал.