
Хрватскиот синџир пекарници „Млинар“ до крајот на овој месец ќе ја отвори својата прва пекарница во Босна и Херцеговина, а до крајот на годинава ќе ја прошири својата мрежа и во другите градови во земјата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватскиот синџир пекарници „Млинар" до крајот на овој месец ќе ја отвори својата прва пекарница во Босна и Херцеговина, а до крајот на годинава ќе ја прошири својата мрежа и во другите градови во земјата.
Пекарски деликатеси на „Млинар", кои со децении ги красат семејните трпези во Хрватска, најпрвин ќе им бидат достапни на жителите на Сараево и на посетителите на главниот град, на атрактивна локација кај Вечниот оган, најави Аднан Мујан, ко-сопстеник на компанијата „МД Фемили", која е сопственик на франшизата „Млинар" за Босна и Херцеговина.
Палетата производи, како што најавува „МД Фемили", ќе понуди богат асортиман на леб, пецива и слатки, развивани со години следејќи ги желбите и потребите на купувачите.
Приказната на „Млинар" почнува во 1903 година, со отворањето на првата парна мелница во градот Крижевци, Хрватска. Денес, копанијата има свои објекти во Хрватска, во Словенија, Унгарија, Германија, Австралија, и во Швајцарија, а до крајот на месецов и во Босна и Херцеговина.
Еден од адутите на „Млинар" на босанско-херцеговскиот пазар е халал-сертификатот за преоизводство, дистрибуција и продажба на пекарски и слаткарски производи, сендвичи и салати.