
Голем е интересот за традиционалните и за иновативните производи на млекарницата „Крепко“ од Лазе кај Логатец на пазарот во Германија, а од тоа само ја дели издавањето на сертификатот IFS од сертификациската куќа „Биро веритас“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Голем е интересот за традиционалните и за иновативните производи на млекарницата „Крепко" од Лазе кај Логатец на пазарот во Германија, а од тоа само ја дели издавањето на сертификатот IFS од сертификациската куќа „Биро веритас", соопштија од млекарницата.
Извозот во Германија, како што се наведува, млекарницата го договара со локалните трговци, а најголем интерес предизвикал кефирот, единствен во ЕУ што се произведдува со традиционалната постапка, од кефирови зрна. Исто така, внимание предизвикале и иновативните производи за спортистите, како високопротеински сирење и рикота.
Од минатата есен млекарницата нуди два новитети – фитнес-сирење и полутврдо сирење, кои содржат изобилство од протеини од сурутка и малку маснотии.
Ги развивме за спортистите и за сите што сакаат да живеат здраво или се на диета. Успеваме да продадеме сè што ќе произведеме, вели директорката на „Крепко", Сандра Турншек.