
Минатата година, „Инмер“, забележа пораст во производството за околу 10 отсто. Извозот од оваа млекарница учествува со удел од 30 отсто во вкупно извезените млеко и млечни производи од БИХ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Минатата година, „Инмер", млекарница што работи во рамките на „Лакталис" – БИХ, забележа пораст во производството за околу 10 отсто. Извозот од оваа млекарница учествува со удел од 30 отсто во вкупно извезените млеко и млечни производи од БИХ.
Производите на „Инмер" може да се најдат на пазарите во Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.
За 5 отсто е зголемен и откупот на суровини од домашните фарми. Со овие податоци се потврдува квалитетот на работењето на 3.600 фармери и кооперанти од БИХ, од кои „Лакталис" – БИХ откупува суровини.
„Лакталис" – БИХ, конитинуирано го стимулира производството на домашно млеко, а помага и во обнова на сточниот фонд. Успешната соработка и вложувања резултираа со поголем откуп на млеко од домашните фармери, што секако, е предуслов за производство на 60 видови млечни производи.
Да потсетиме, „Лакталис груп", преку „Лакталис" – БИХ, досега вложи околу 9,2 милиони евра во млекарницата „Инмер", а од компанијата се најавени и нови вложувања.