
Млекарницата „Целеила“ го претстави трајното млеко Zelene Doline, единственото трајно млеко што е со 100% словенечко потекло.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Млекарницата „Целеила" го претстави трајното млеко Zelene Doline, единственото трајно млеко што е со 100% словенечко потекло.
Словенечкото сурово млеко е подобро од млекото на европските држави. На овој начин, млекарницата на потрошувачите им нуди квалитетен производ. Наша цел е да постинеме стабилност во поглед на цената на млекото, бидејќи промените негативно се одразуваат на тргувањето, изјави за InStoreдиректорот Јакоб Марјан (десно).
Трајното млеко Zelene Dolineво моментов се продава во објектите на „Меркатор" и на бензинските станици на „Петрол", а во текот на годината се очекува вклучување на нови партнери во процесот.
Дарја Тержан, менаџер за стратешки маркетинг (лево), рече дека воведувањето на млекото на пазарот ќе се реализира постапно. Пред три години почна соработката со бензинските станици „Петрол". Соработката беше поттикната со посредство на нашиот партнер во Австрија и имаше добар одѕив. Во 2011 и 2012 година почна соработката со хрватската млекарница „ПИК", која поседува современа технологија, во согласност со нашите стандарди, објаснува Тержан.