
Минатата година „Млекарна Целеиа“ ја заврши со пораст на продажбата од 9% и приходи од 60 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година „Млекарна Целеиа" ја заврши со пораст на продажбата од 9% и приходи од 60 милиони евра.
Првиот човек на млекарницата Марјан Јакоб, на традиционалниот состанок со доставувачите, истакна дека деловната година ја завршија позитивно и дека добивката е споредлива со таа во 2016 година.
Суровото млеко го купуваат околу 1.000 доставувачи кои се здружени во 17 задруги и нивното млеко е исклучиво словенечко. Минатогодишниот откуп е рекорден, со повеќе од 100 милиони литри млеко, а годинава се очекува поголема конкуренција, но и реализација на продажбата во висина од 63,5 милиони евра.
За следната година најавуваат реализација на една од најголемите инвестиции во нов погон за производство на сирење.