InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Здружението на производители на млеко во Србија и претставниците на Централната асоцијација на производители на млеко во Војводина, на Министерството за земјоделство и заштита на животната средина упатија барање за заштита на производителите на млеко и поттикнување на квалитеттот по пат на премии по класи.

Тие бараат премиите за екстра класа да изнесува десет динари за литар млеко, за првата класа седум динари, а премијата за втората класа да изнесува четири динари.
Исто така, бараат во измените на Законот за државно земјоделско земјиште да се внесат предлозите за рокот на закуп да биде минимум 30 години, а цената на закупот за сточари да биде фиксна на ниво на државата, да ја одредува министерството и да биде во согласност со трошоците за производство на млеко.
Воедно бараат и итно дефинирање на оперативната програма за развој на секторот млекарство од 2015 до 2024 година.