
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Светлана Глумац, директор за корпоративни и регулаторни работи во групацијата „Данубе Фудс“, во чиј состав работат двете млекарници изјави дека „Млекара Суботица“, чиј мнозински пакет акции ги купи „Имлек“, ќе продолжи да работи како посебно правно лице.
Светлана Глумац, директор за корпоративни и регулаторни работи во групацијата „Данубе Фудс", во чиј состав работат двете млекарници изјави дека „Млекара Суботица", чиј мнозински пакет акции ги купи „Имлек", ќе продолжи да работи како посебно правно лице.
Исто така, Глумац за агенцијата „Танјуг" истакна дека „Данубе Фудс" не планира за скоро да ги продаде „Имлек" и „Млекара Суботица" на некоја мултинационална прехранбена компанија, но дека би било добро некоја голема странска млекара да дојде на српскиот пазар.
Намерно го нагласувам терминот правно лице, затоа што „Млекара Суботица" токму тоа и ќе остане, така што до физичко спојување нема да дојде и суботичката млекарница ќе продолжи да работи како и досега, задржувајќи ги сите свои брендови и развивајќи нови. Ништо ново поинакво нема да се случи, прецизираше Глумац, потсетувајќи дека „Млекара Суботица" и „Имлек" и досега беа сопственички поврзани.
Да потсетиме, на 15-ти октомври на Белградската берза „Имлек" го купи мнозинскиот пакет акции од „Млекара Суботица". Генералниот директор на „Имлек", Слободан Петровиќ изјави дека ваквата одлука е донесена за доброто на консолидацијата, подоброто позиционирање на пазарот и намалување на трошоците за работење.
Компанијата „Имлек" работи во рамки на групацијата „Данубе Фудс" каде спаѓаат и „Бамби-Банат", „Књаз Милош", „Новосадска" и „Млекара Суботица".