
„Млекара Шабац“ ќе изгради фабрика во Русија, која се очекува да биде пуштена во употреба за шест до осум месеци, најави претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж,
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Млекара Шабац" ќе изгради фабрика во Русија, која се очекува да биде пуштена во употреба за шест до осум месеци, најави претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, на Меѓународниот економски форум што се одржа неодамна во Санкт Петербург.
Производството, како што истакна тој, ќе биде со капацитет од 450 тони на ден, што е на ниво на најголемите млекарници на Балканот.
„Млекара Шабац" е веќе присутна на рускиот пазар, каде што извезува 75 отсто од белото сирење што го произведува.