
Имотот на „Млекара Плана“ од Крагуевац повторно е ставен продажба, по неуспешниот прв обид, кој не успеа поради ниската цена на имотот во понудите што пристигнале, јавува српскиот портал „еКапија“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Имотот на „Млекара Плана" од Крагуевац повторно е ставен продажба, по неуспешниот прв обид, кој не успеа поради ниската цена на имотот во понудите што пристигнале, јавува српскиот портал „еКапија".
Стечајниот управник Ватко Рајковиќ неодамна објави оглас за продажба со непосредна спогодба, со цел, како што вели, да се забрза постапката и што побргу да се обнови производството.
Моделот на продажба, според стечајнот управник, овојпат решиле да биде непосредна спогодба, откако во првиот обид имало заинтересирани купувачи, но и двете понуди што биле доставени биле пониски од 50% од проценетата вредност на имотот, поради што биле одбиени од одборот на доверители.
Вредноста на имотот е проценета на 960.000 евра, а имотот ќе се продава како целина, вклучувајќи објекти, изградено и неизградено земјиште, опрема, алати и возила.
Млекарницата беше ставена во стечај во август минатата година
поради трајна неспособност за плаќање, а производството запре на крајот од јули истата година.