
Компанијата „МК груп“ на 17 ноември го купи земјоделскиот комбинат „ПИК Бечај“ за 45,5 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „МК груп" на 17 ноември го купи земјоделскиот комбинат „ПИК Бечај" за 45,5 милиони евра.
„МК груп" и „Индустрија меса Матијевиќ" беа единствените учесници на лицитацијата, чија почетна цена изнесуваше 42,7 милиони евра. Тие во бараниот рок доставија банкарска гаранција во износ од 17,1 милион евра.
На пазарот во Србија веќе сме препознаени како лидер од областа на земјоделството, така што купувањето на „ПИК Бечај" е во согласност со нашите стратешки цели. Уште е рано да се зборува за плановите, но целта ни е да направиме модерна компанија според европски стандарди. Планирано е вработување на одреден број работници, чиј број ќе се зголемува во зависност од работењето на компанијата, изјави Јован Пурар, директор на „МК груп".
Деловниот систем „МК груп" е еден од најголемите земјоделски производители во Србија, со успешна деловна историја. На српскиот пазар, компанијата е препознаена како еден од најголемите производители на земјоделски култури како што се шеќерна репка, пченица и пченка.