
„Митрос“ во Сремска Митровица, која е во сопствеништво на австриската компанија „Гирлингер“ воведува втора смена. Тоа значи дека ќе се зголеми преработката на месо, што во овој момент изнесува 3.000 парчиња неделно.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Митрос" во Сремска Митровица, која е во сопствеништво на австриската компанија „Гирлингер" воведува втора смена. Тоа значи дека ќе се зголеми преработката на месо, што во овој момент изнесува 3.000 парчиња неделно.
Со примена на современата технологија, поголемиот број на производи од оваа фабрика се извезуваат, а дел можат да се најдат и во домашните маркети. Од компанијата најавуваат 100 нови вработувања што треба да се реализираат во февруари годинава.
Засега во погонот се вработени околу 180 луѓе. Со воведувањето на втората смена, што треба да почне од следниот месец, ќе се зголеми и бројот на вработени, како и преработката на свињи, која на дневно ниво изнесува околу 800 парчиња. Според плановите на компанијата, кланицата треба да работи во пет смени, за да може постојано да работат три смени, а две да се одмараат. Со остварувањето на овој план, во „Митрос" ќе работат 1.000 работници, а дневно ќе се преработуваат околу 3.000 свињи, што е јасен знак дека „Гирлингер" планира уште долго да се заджи во Сремска Митровица, изјави Владимир Санадер, градоначалник на Сремска Митровица.
Новата постројка, во која компанијата вложи 23 милиони евра, се простира на 23.000 квадратни метри и е најголемата во рамките на групацијата „Гирлингер".