
Новата деловна единица на „Кока-кола“, која сега ја сочинуваат „Кока-кола хеленик“ Хрватска, БиХ и Словенија, именуваше директори на ниво на таа групација.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новата деловна единица на „Кока-кола", која сега ја сочинуваат „Кока-кола хеленик" Хрватска, БиХ и Словенија, именуваше директори на ниво на таа групација.
Компанијата „Кока-кола ХБЦ" – Словенија во 2014 година се приклучи кон новата деловна единица составена од пазарите во Хрватска и Босна и Херцеговина, а според новата одлука и Словенија.
Оваа синергија ќе овозможи иден пораст и развој на работењето, како и јакнење на конкурентските предности, како на овие пазари, така и на регионално ниво, нагласуваат од компанијата.
Водењето на новата деловна единица „Кока-кола хеленик"- Хрватска, БиХ и Словенија ја презема досегашниот генерален директор за Хрватска и Босна и Херцеговина, Мирцеа Драја (на фотографијата лево).
Драја носи големо искуство од индустријата за производство на пијалаци со оглед на тоа што во својата кариера беше на водечкото место на неколку компании, вклучувајќи го и рускиот „Милтон".
Како службен застапник на „Кока-кола ХБЦ"-Словенија именуван е Јуре Зрилиќ (на фотографијата десно), кој досега работеше како комерцијален директор.