
Фабриката за бисквити и вафли „Мира“, наспроти тешката ситуација во општеството, во 2012 година работи со добивка. Приходот на компанијата е поголем од 10 милиони, додека добивката изнесува 400.000 евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фабриката за бисквити и вафли „Мира", наспроти тешката ситуација во општеството, во 2012 година работи со добивка. Приходот на компанијата е поголем од 10 милиони, додека добивката изнесува 400.000 евра.
Дел од добивката од 2011 година компанијата го вложила за купување на нови машини каде што се подготвуваат вафли за извоз во Саудиска Арабија. Освен во земјите од регионот, извезува во Шведска, Германија, Швајцарија и уште во седум држави надвор од Европа.
Да потсетиме, сопственикот на фирмата од Приедор е компанијата „Краш", која го презела овој погон во 2003 година. Во исто време, повеќето од производите на пазарот се пласираат под брендот на „Краш". Во фабриката активно се подготвуваат за влезот на Хрватска во Европската унија, па реална е можноста фабриката тогаш да преземе дел од производството на хрватскиот погон.