
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ е заинтересиран да го купи „Меркатор-С“, малопродажен синџир на групација „Агрокор“ во Србија, пишува словенечкиот портал Siol.net повикувајќи се на свои неименувани извори, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ е заинтересиран да го купи „Меркатор-С", малопродажен синџир на групација „Агрокор" во Србија, пишува словенечкиот портал Siol.net повикувајќи се на свои неименувани извори, пренесува агенцијата „Танјуг".
Како што се наведува во написите, Костиќ во последните некоклу недели ги откупил од неколку австриски и италијански банки нивните побарувања кон „Меркатор", за износ од околу 28 милиони евра.
Костиќ е сопственик на српската холдинг компанија „МК груп", во чиј состав работат 35 компании, активни во земјоделството, прехранбената индустрија, трговија, туризам и информациски технологии.
„Меркатор" во Србија е активен преку трговска мрежа под брендовите „Меркатор", „Идеа" и „Рода".