
Минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во октомври изнесуваше 797 евра, што е за 0,3% повеќе во споредба со септември, соопшти Црногорскиот завод за статистика.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во октомври изнесуваше 797 евра, што е за 0,3% повеќе во споредба со септември, соопшти Црногорскиот завод за статистика.
За храна и безалкохолни пијалаци се потрошени 247 евра, на непрехранбени производи и услуги 351 евро, додека домувањето изнесуваше 198 евра.
Минималната потрошувачка кошница за храна и безалкохолни пијалаци во октомври е поголема за 0,1% во однос на септември, за непрехранбените производи и услуги за 0,2%, а за домување за 0,6%.
Вкупната вредност на потрошувачката кошница во октомври е намалена за 0,4% во однос на истиот месец од минатата година. Просечната плата во Црна Гора изнесува 479 евра, а просечната пензија 278 евра.