
Вредноста на минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во јануари изнесуваше 791 евро, односно беше за 0,9% пониска во однос на претходниот месец, беше соопштено од „Монстат“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вредноста на минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во јануари изнесуваше 791 евро, односно беше за 0,9% пониска во однос на претходниот месец, беше соопштено од „Монстат".
Во вкупната структура на минималната потрошувачка кошница, уделот на храната и безалкохолни пијалаци е 246,3 евра, на непрехранбените производи и услуги 349,1 евро, а на вредноста на импутирана рента е 195,6 евра.
Вредноста на минималната потрошувачка кошница во јануари 2014 година, во однос на истиот месец минатата година е намалена за 1,1%, се наведува во соопштението на „Монстат".
Според податоците, просечната плата во Црна Гора е 486 евра, а пензијата изнесува 276 евра.