
Сараевската млекарницата „Милкос“ планира реализација на 11 проекти чија вкупна вредност ќе достигне 27 милиони евра, а како најважен проект се истакнува постројката за биогас, од која ќе зависат сите други проекти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сараевската млекарницата „Милкос" планира реализација на 11 проекти чија вкупна вредност ќе достигне 27 милиони евра, а како најважен проект се истакнува постројката за биогас, од која ќе зависат сите други проекти.
Во рамките на планираните проекти е изградба и на стакленик од четири хектари каде што ќе се одгледуваат домати со планирано годишно производство од 2.000 тони, потврди директорот на компанијата „Милкос" Адин Факиќ.
Останатите планирани проекти се изградба на фарма со 4.500 кози, проширување на капацитетите на фармата „Спреча" со дополнителни 1.000 крави и иницирање на кооперативни дејности со индивидуалните производители.
Факиќ се надева дека важноста на овие проекти, освен од страна на УСАИД, кој со „Милкос" потпиша Меморандум за разбирање во техничката асистенција за изградба на соларна електрана и електрана за биогас, ќе биде препознаена и од страна на државата.
Според неговите зборови компанијата е во голема загуба поради неможноста да извезува во ЕУ, а во текот на првата година поради забраната за извоз во Хрватска, компанијата забележа загуба поголема од милион евра.
Целта на „Милкос" е излез на европскиот пазар. Со овозможувањето на извозот во ЕУ, преку копнениот пат, можеме полесно да стигнеме до пазарот во Турција и до другите земји од Кавказот, каде што постои голем интерес за нашите производи, истакнува Факиќ.
Со зголемувањето на извозот тој очекува зголемување на производството за четири пати, а со тоа и зголемување на количеството на преработено млеко.