
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сараевската млекарница „Милкос“ соопшти дека ќе продолжи да ги откупува сите производствени количества млеко од своите фармери и во идниот период нема да ги намалува откупните цени без оглед на трендовите на намалување на млекото во БиХ.
Сараевската млекарница „Милкос" соопшти дека ќе продолжи да ги откупува сите производствени количества млеко од своите фармери и во идниот период нема да ги намалува откупните цени без оглед на трендовите на намалување на млекото во БиХ.

Откако го изгуби хрватскиот пазар, поради влегувањето на оваа држава во ЕУ, млекарницата работеше на отворање нови и зајакнување на активностите на постоечките пазари. Во првиот квартал од 2015 година извозот е зголемен за 55% во однос на истиот период минатата година.
Од млекарницата истакнуваат дека благодарение на зголемениот извоз, откупени се сите количества млеко од своите фармери и кооперанти, наспроти проблемот со вишокот на млеко во БиХ, кој резултираше со отпуштање на фармери и намалување на откупното млеко.
Во „Милкос" очекуваат пораст на извозот и во наредната година, бидејќи ги исполни условите за извоз во Турција и барањата на инспекцијата на ФВО, така што компанијата има решение за извоз и во земјте од ЕУ.