
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фармерите од Република Српска предупредуваат дека секоја година бележат милионски загуби, затоа што сè уште не се спроведува долго најавуваната обврска за продажба на месо со декларации, поради што домашниот пазар и понатаму е преплавен со месо со сомнително потекло
Фармерите од Република Српска предупредуваат дека секоја година бележат милионски загуби, затоа што сè уште не се спроведува долго најавуваната обврска за продажба на месо со декларации, поради што домашниот пазар и понатаму е преплавен со месо со сомнително потекло
Фармерите истакнуваат дека со оваа мерка донекаде ќе се среди состојбата на пазарот. Прекумерниот увоз на месо го гуши домашното производство. Тие се убедени дека ако потрошувачите имаат увид на декларацијата дека месото е произведено во Република Српска, тие секогаш ќе го изберат домашниот производ.
Многу е важно да се знае од каде потекнува месото. Се увезува длабоко замрзнато месо, што потоа се одмрзнува, иако според правилата тоа месо не е дозволено да стигне до трпезата, истакна Владимир Усорац, претседател на Здружението на земјоделските производители.
Фармерите имаат поддршка од Здружението за заштита на потрошувачите, при што се истакнува дека купувачите имаат право да го знаат потеклото и староста на месото, што би било напишано на декларациите.
Тој елемент веќе е регулиран во правилниците на Министерството за земјоделство, но правилникот е едно, а законот друго. Најверојатно ние ќе предложиме да се направат измени во законот и делот што се однесува на декларирањето, попрецизно да се реши, односно да се знае точно потеклото на месото, рокот на траење и останатите важни податоци, нагласува Драгован Петровиќ, секретар на Движењето на потрошувачите.