
Министерството за здравје на Руската Федерација и Рускиот научен центар за медицинска рехабилитација ѝ издадоа сертификат на водата Mg Mivela со кој се потврдува лековитоста и природната пивкост.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Министерството за здравје на Руската Федерација и Рускиот научен центар за медицинска рехабилитација ѝ издадоа сертификат на водата Mg Mivela со кој се потврдува лековитоста и природната пивкост.
Како што е соопштено од компанијата Mg Mivela сертификацијата GOST-R потполно е усогласена со високите барања за безбедност кои важат во Русија.
Испитувањата покажаа дека Mg Mivela ги задоволува високите критериуми за квалитет и дека има минерален состав кој ја сместува во лековитите води. Во согласност со квалификациите на минералните води во Русија, се наведува дека Mg Mivela им припаѓа на групата слабо минерални, хидрокарбонантни магнезиумски води, и поради содржината на силициум има посебна балнеолошка терапетска вредност при лечењето на болести од ендокриниот систем, пореметување на метаболизмот и органите за варење, се наведува во соопштението.
Добиениот сертификат овозможи водата Mg Mivela, да се продава и во аптеките во Русија.
Од компанијата потсетуваат дека Mg Mivela е единствена според својот состав, бидејќи во еден литар содржи 343 мг магнезиум во облик кој бргу и лесно стигнува до секоја ќелија на човечкиот организам и на тој начин допринесува за зачувување на здравјето и ги задоволува дневните потреби за овој значаен минерал.