
Компанија „ДТД Рибарство“ воведе Меѓународен стандард за храна (IFS), што е единствен систем за контрола што го следи цел синџир на снабдување и осигурува безбеден и квалитетен краен производ, соопштуваат од компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанија „ДТД Рибарство" воведе Меѓународен стандард за храна (IFS), што е единствен систем за контрола што го следи цел синџир на снабдување и осигурува безбеден и квалитетен краен производ, соопштуваат од компанијата.
IFS од 2003 година го применуваат француските, германските и италијанските трговски синџири во малопродажбата. Девет од десетте најголеми европски синџири кои продаваат храна го користат IFS како свој стандард за безбедност. Со воведувањето на овој стандард, компанијата „ДТД Рибарство" покажа дека се грижи како за квалитетот и безбедноста на производите, така и за нејзините потрошувачи, истакнато е во соопштението.