
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На повеќе од 2.000 квадратни метри изложбен простор во халата 2Б во Белградскиот саем, од 21 до 24 февруари на меѓународниот саем за вино „Беовајн“, покрај српските винарии ќе се претстават винарии од Италија, Австрија, Франција, Шпанија, Грција, Шведска, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Бугарија и Романија.
На повеќе од 2.000 квадратни метри изложбен простор во халата 2Б во Белградскиот саем, од 21 до 24 февруари на меѓународниот саем за вино „Беовајн", покрај српските винарии ќе се претстават винарии од Италија, Австрија, Франција, Шпанија, Грција, Шведска, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Бугарија и Романија.
Здружението на винари и преработувачи на вино на Србија (ВИВИС) и економското здружение „Српско вино" оваа година во рамките на „Беовајн" ќе ги обединат српските и дел од најпознатите европски винарии, љубители на вино, дистрибутери од сите краеви на светот и производители на винска опрема.
На четиридневниот саем ќе се претстават над 140 изложувачи од кои 50 се од 13 странски држави. Саемот се одржува истовремено со саемите за туризам, хотелиерство и угостителска опрема – ХОРЕКА и саемот на сувенири „Посетете ја Србија".