
Трговскиот синџир „Метро“ на 15 април во Пула ќе го отвори својот нов центар во Хрватска и првиот на Истра, најави на прес-конференцијата Марк Царена, претседател на Управата на „Метро кеш & кери“ во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Метро" на 15 април во Пула ќе го отвори својот нов центар во Хрватска и првиот на Истра, најави на прес-конференцијата Марк Царена, претседател на Управата на „Метро кеш & кери" во Хрватска.
На Истра досега не бевме присутни, а таа област има многу силни туристички потенцијали, како и далматинските острови и дубровничката област, каде што ќе се фокусираме во иднина, додаде Царена.
Во Хрватска „Метро" функционира од 2001 година и во моментов има шест големопродажни центри, два во Загреб и по еден во Задар, Сплит, Осиек, Вараждин и во Дубровник.
Владимир Гнидиќ, директор на маркетинг и на односите со купувачите, истакна дека во „Метро" вработени се 1.200 луѓе, а оваа година се појави и првата генерација на дипломци од Академијата „Метро".
Наша цел се малите и средните претприемачи и овде сакаме да се позиционираме како најдобра поддршка за независно работење, затоа што ние сме систем на продажба за професионални, но и за приватни корисници. Во моментов соработуваме со повеќе од 1.500 деловни купувачи, кои имаат повеќе од 650 илјади картички „Метро". Само во програмата на трговските марки на „Метро" ангажирани се повеќе од 50 производители, што на тој начин имаат шанса со своите производи да излезат на повеќе странски пазари, затоа што „Метро" тргува во 29 земји, рече Гнидиќ.
Минатата година групацијата „Метро" оствари вкупни приходи од 67 илијади евра, а вкупниот број вработени изнесува 110 илјади.