
Трговскиот синџир „Метро кеш & кери“ – Хрватска, потпиша договор за набавка на стока со Сојузот на здружените мали трговци во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Метро кеш & кери" – Хрватска, потпиша договор за набавка на стока со Сојузот на здружените мали трговци во Хрватска.
На конференцијата за медиуми одржана во загрепското седиште на „Метро", договорот за соработка го потпишаа претседателот на Управата кеш&кери „Метро" Хрватска, Ангело Турати и член на управниот одбор на Сојузот на здружените мали трговци РХ и претседателот на Здружението на трговците на задарската жупанија, Зоран Палека.
| Ангело Турати, претседател на Управата на „Метро кеш & кери" – Хрватска:„Метро" како водечки големопродажен центар во Европа, ќе ја искористи својата сила и искуство од земјите во регионот за да го унапреди работењето на независните продавници. Земјите како Полска, Бугарија и Романија поминаа низ трансформацијата што е резултат на влезот во ЕУ, а според нивните искуства „Метро" – Хрватска интензивно работи на стратегијата на одржување и развој на независните продавници. |
Бланка Зоретиќ, раководител на одделението за клучни купувачи, предупреди на негативните пазарни движења во малопродажбата, нагласувајќи дека трговијата на мало опаѓа уште од март 2012 година. Според нејзините зборови, таквото движење како последица дава намалување на бројот на објектите по годишна стапка од 7 отсто. Додека во последните десет години хипер и супермаркетите бележат значаен пораст на пазарниот удел, со 10 отсто на 34 отсто, малите трговци бележат пад на пазарниот удел од 40 отсто на 28 отсто. Пазарот на приватните трговски марки порасна од 5,4 отсто во 2004 година на 18,1 отсто во 2011 година.
„Метро" ни нуди набавка на стока по подобри услови како и приспособен асортиман, а тоа ќе поттикне подобро работење. Приоритет е заштитата и соработката со домашните производители, како и зачувување и заштита на работните места и домашниот капитал, а „Метро" ја препозна важноста на овие цели, затоа влегуваме во оваа соработка што носи заедничка корист, рече Палека.
Како што е кажано, „Метро" и оваа година ќе продолжи со развој на проектите за поддршка на малите независни трговци „Мој Дуќан", што има за цел поставено јакнење на позицијата на независните трговци преку полесна набавка и маркетиншка поддршка.