
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Метро“ и американската компанија „Течстарс“ го основаа „Метро течстарс акцелерејтор“ прва глобална програма наменета за стартапи, што нуди иновативни технолошки апликации за деловни потреби на ресторани, хотели, угостители и мали трговци.
„Метро" и американската компанија „Течстарс" го основаа „Метро течстарс акцелерејтор" прва глобална програма наменета за стартапи, што нуди иновативни технолошки апликации за деловни потреби на ресторани, хотели, угостители и мали трговци.
_Davorin Stetner (CRANE) (2) (002).jpg>)Сакавме да им понудиме поддршка, а хрватските стартапи и искуството што го стекнавме при спроведувањето на „Метро течстарс акцелерејтор" да го искористиме за да ги поврземе хрватските стартапи со професионалните купувачи во „Метро". На тој начин ќе им овозможиме развој на работењето во согласност со најновите трендови, изјави Марк Карена, претседател на управата на „Метро кеш & кери" – Хрватска.
Секторите на кои „Метро" и „Крејн" ќе им посветат особено внимание во поттикнувањето на работењето на малите и средни претпријатија се угостителскиот сектор и независните трговци, особено на групата на професионални купувачи.
Иницијативата на „Метро", како еден од лидерите во овој сектор, ја прифативме без размислување. Го поздравуваме и активно го поддржуваме секој чекор кој овозможува нови и добри можности за претприемачите. Оваа иницијатива овозможува подобра детекција на стартапите во угостителскиот и во туристичкиот сектор и нивна можност за брз развој, изјави Даворин Штетнер, претседател на Хрватската деловна мрежа „Крејн".
„Метро" и „Крејн" истакнуваат дека ќе овозможат поврзување на хрватските стартапи и сопствениците на угостителски објекти и независни трговци, за да создадат можност за дигитализација и модернизација на секторите и поттикнување на развојот на иновативните решенија за унапредување на работењето.