
Групацијата „Метро“ ги претстави резултатите од деловната 2014/2015 година во која оствари пораст на продажбата од 1,5 отсто, додека оперативната добивка изнесува 1,5 милијарди евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Метро" ги претстави резултатите од деловната 2014/2015 година во која оствари пораст на продажбата од 1,5 отсто, додека оперативната добивка изнесува 1,5 милијарди евра.
Трговецот истакнува дека минатата деловна година за групацијата „Метро" била една од најинтензивните, но и најуспешна во фазата на трансформација. Како што соопштуваат, модернизацијата на компанијата овозможи поголема автономија во планирање на деловната стратегија и во приспособувањето на работењето на локалните потреби. На глобално ниво, трговецот оствари пораст на продажбата од 0,9 отсто.
„Метро кеш & кери" – Хрватска во минатата година оствари пораст на продажбата од 1,5 отсто, со пораст на уделот на купувачи во хорека секторот за 8,6 отсто. Трговецот истакнува дека во Хрватска има 150.000 професионални купувачи, и дека според последните податоци, 95 отсто од сите ресторани и хотели во Хрватска се купувачи на „Метро".
Во текот на 2015 година „Метро кеш & кери" – Хрватска ги редефинираше и ги зајакна системите за достава на производи со отворање на првите логистички платформи во Сесвете.
За деловната 2014/2015 година, групацијата „Метро" очекува благ пораст на вкупната продажба, наспроти предизвиците во економското опкружување. Групацијата предвидува благ пораст од 1,5 отсто, за што најмногу ќе придонесат „Метро кеш & кери" – Хрватска и „Медиа-Сатурн".