
„Метро кеш & кери“ – Хрватска е добитник на сертификатот „Top employer“ за најдобар работодавач во Европа и во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Метро кеш & кери" – Хрватска е добитник на сертификатот „Top employer" за најдобар работодавач во Европа и во Хрватска.
Сертификатот го додели институтот „Топ емплојрс" во Амстердам, врз основа на највисоките стандарди на условите што им ги овозможува на своите вработени. Во споредба со 717 компании од целиот свет што учествуваа во истражувањето, резултатите од „Метро" надминаа 61 отсто од сертифицираните кандидати.
Резултатите од институтот „Топ емплојрс" покажуваат како програмите што сме ги развиле им овозможуваат на вработните развој и остварување на потенцијалите. Ќе продолжиме да работиме во насока со која, на „Метро" му се обезбедува место меѓу најдобрите работодавачи во Европа, изјави директорот на одделението за човечки ресурси и корпоративна комуникација во „Метро кеш & кери" – Хрватска, Нела Бучевиќ.
Истражувањето се состои од прашања што покриваат речиси 600 процеси и програми во компанијата и детално се анализираат девет тематски целини – стратегија за развој на талентот, управување со човечки ресурси, процес на вработување и воведување во работата, учење и развивање, развој на раководството, управување со кариера, погодности и компензации и корпоративна култура. Во осум од овие категории „Метро кеш & кери" – Хрватска оствари надпросечни резултати.
Институтот „Топ емплојрс" од Холандија го издава сертификатот од 1991 година, на компании што остваруваат највисоки стандарди за своите вработени. Сертификатот се темели на анализата на параметрите што укажуваат на условите што работодавачот им ги нуди на вработените.