
Добивката од работењето на „Меркатор“ во првата половина годинава изнесуваше 33,4 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првата половина годинава, „Меркатор" оствари приходи од продажба пониски за 1 отсто, но истовремено и ги намали загубите за 43 отсто, така што добивката од работењето изнесуваше 33,4 милиони евра, што е повеќе од трипати во однос на истиот период од минатата година, соопштија од компанијата.
Компанијата, чијшто сопственик е хрватскиот „Агрокор", оствари приходи од продажба во вредност од 1,287 милијарди евра. Приходите на српскиот пазар беа зголемени, додека во Хрватска и во БиХ тие беа значително пониски.
Вложувањата на групацијата беа за 2,5 пати поголеми во однос на истиот период од минатата година и изнесуваа 26,5 милиони евра. Повеќе од две третини од финансиите беа наменети за обнова на малопродажната мрежа во Словенија, т.е. за 12 продавници, 5 супермаркети, 2 хипермаркета и за 1 помошна продавница. Една петина од инвестицијата е насочена кон логистика, ИТ и нетрговска дејност.
По седницата на Надзорниот одбор, од „Меркатор" соопштија:Значајниот напредок во работењето е резултат на фокусирањето на основната дејност, што се гледа преку зголемувањето на влогот за обнова на постојната малопродажна мрежа, на зајакнувањето на конкурентноста на „Меркатор" на пазарот, со акцент на попрофитабилните пазари во контекст на зголемување на активностите во регионот, како и на успешната оптимизација на трошоците.
Компанијата ги продаде брендовите кафе Santana и Loka, а претходно и „Пекарна Гросупље". Агенцијата за заштита на конкуренцијата во вторникот издаде одобрение за преземање на пекарницата, така што купувачот „Дон Дон" и „Меркатор" во втората половина од годинава ќе ја заклучат трансакцијата.