
Во првата половина од годинава „Меркатор“ оствари 1,3 милијарди евра приходи од продажба, што е во складност со зацртаните планови.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првата половина од годинава „Меркатор" оствари 1,3 милијарди евра приходи од продажба, што е во складност со зацртаните планови.
Помалиот резултат од 4% во однос на истиот период лани е последица на промената на куповните навики на купувачите. Причините се кријат во падот на куповната моќ, високиот степен на конкурентност на сите пазари и затворањето на 35 нерентабилни работни единици на фирмата.
Добивката од работењето изнесуваше 11,8 милиони евра, што е четири отсто повеќе отколку минатата година. Полугодишната загуба на „Меркатор" е намалена на 13,7 милиони евра.