
„Меркатор-С“ минатиот месец основа клуб „Сениор за пензионери“, што на членовите ќе им овозможи побрзо и поедноставно остварување попуст.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Меркатор-С" минатиот месец основа клуб „Сениор за пензионери", што на членовите ќе им овозможи побрзо и поедноставно остварување попуст.
Од компанијата велат дека на овој начин на пензионерите од клубот ќе им понудат повеќе, преку унапредување на квалитетот на услугата и приспособување на понудата во согласност со нивните специфични потреби и купувачки навики.
Од компанијата истакнуваат и дека „Меркатор" како иновативен трговец креира посебно доживување во купувањето за различни категории на потрошувачи, како и оти во текот на претходните 10 години од работењето во Србија настојувал низ своите продавници да примени најсовремени технологии и позитивни искуства, токму за пензионерите, за да им обезбеди услови за што попријатно и полесно купување.