
Во првото тромесечје, „Меркатор груп“ определи 12,9 милиони евра за инвестиции, што е двојно поголем износ во споредба со истиот период лани. Најголем дел од вложувањата ќе бидат насочени на пазарот во Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првото тромесечје, „Меркатор груп" определи 12,9 милиони евра за инвестиции, што е двојно поголем износ во споредба со истиот период лани. Најголем дел од вложувањата ќе бидат насочени на пазарот во Србија.
Нето-профитот на „Меркатор груп", во првото тромесечје од годинава, забележа намалување за 44 отсто, на 2,3 милиони евра, во споредба со истиот период од 2015 година. Намалување забележаа и нето-приходите за 3,8 отсто, на 604,9 милиони евра.
Профитот на „Меркатор груп" достигна 7 милиони евра, што е за 42,5 отсто помалку во истиот период минатата година.
Се намалија и приходите од продажбата на пазарите во Словенија и Србија, пред сѐ поради намалувањето на бројот на продавници од споредните сектори.
Покрај тоа, продадени се туристичката агенција „М холидејс", брендот на кафето Santana и „Пекарна Гросупље".
Најголем пад на приходите, од 18,5 отсто, е забележан во Хрватска, каде трговецот од јули 2015 година во целост се откажа од FMCG-програмата, поради консолидација на пазарите, внатре во „Агрокор".