
Советот на доверители реши „Меркатор“ повторно да ја преземе контролата над 83 трговски објекти од системот на „Конзум“ - БИХ, кои беа негова сопственост пред преземањето од страна на „Агрокор“ во 2014.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
И официјално „Меркатор" е повторно сопственик на своите поранешни продавници во Босна и Херцеговина, што своевремено ги отстапи и станаа дел од продажната мрежа на трговскиот синџир „Конзум" - БИХ.
На предлог од управата деновиве беше укината спогодбата за изнамјување на 83 објекти на трговските центри на „Конзум" во БИХ, кои сега му се вратени на управување на „Меркатор".
По одлуката, со 83 продажни објекти од поранешната трговска мрежа на „Конзум" ќе управува „Меркатор", а „Конзум" - БИХ ќе продолжи да стопанисува со 150 трговски објекти.
Советот на доверители на групацијата „Агрокор", која е погодена од голема должничка криза, реши „Меркатор" повторно да ја преземе контролата над 83 трговски објекти од системот на „Конзум" - БИХ, кои беа во сопственост на словенечката трговска групација пред преземањето од страна на „Агрокор" во 2014.