
Групата „Меркатор“ вчера ја отвори обновената мала продавница во Брезовица. Продавницата се протега на продажна површина од 270 квадратни метри со 17 вработени.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групата „Меркатор" вчера ја отвори обновената мала продавница во Брезовица. Продавницата се протега на продажна површина од 270 квадратни метри со 17 вработени.
Целата трговска опрема е нова, месарницата (што беше во продавницата) ја оспособивме, а топлотеката е новина. Во продавницата останаа три класични каси, објаснуваат од компанијата.
Обновената продавница нуди богата понуда на топли јадења, богат избор на свежо месо и голема понуда на свежо овошје и зеленчук, вклучувајќи и сецкано сезонско овошје. Леб се пече на секои два часа, со што се гарантира континуирана свежина.