
Владиниот повереник за „Агрокор“ Анте Рамљак изјави дека „Конзум“ и „Меркатор“ во БИХ се враќаат на почетните позиции, како пред спојувањето.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Владиниот повереник за „Агрокор" Анте Рамљак изјави дека „Конзум" и „Меркатор" во БИХ се враќаат на почетните позиции, како пред спојувањето.

Тоа го соопшти Рамљак во обраќањето до медиумите, по состанокот со доставувачите и додаде дека тоа е најдобрата солуција за сите страни.
„Меркатор" ќе ги преземе своите 83 продавници, кои беа во негов наем пред спојувањето со „Конзум", а „Конзум" ќе остане со своите 170 продавници, кои беа во негова сопственост пред аквизицијата, рече тој, појаснувајќи дека во овој случај станува збор за разделување.
Станува збор за разделување, се враќаме на почетните позиции. Сите анализи што ги направивме во изминатите месеци покажаа дека најдобрата и најисплатливата солуција е да го разделиме „Меркатор" од „Конзум", да се вратиме на почетните позиции и да имаме два различни формати во БИХ, додаде Рамљак.
Разделувањето ќе почне од 1 август и се очекува да биде завршено до 1 септември. Повереникот истакна дека нема да има нагли отпуштања,а обврските кон доставувачите ќе бидат измирени во септември.
По избивањето на кризата во хрватскиот прехранбен концерн „Агрокор", беше договорено продавниците на „Конзум" во БИХ да ги преземе „Меркатор".