
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Конзорциумот од мнозинството сопственици на „Меркатор“ и концернот „Агрокор“, на 28 февруари потпишаа анекс на минатогодишниот купопродажен договор, со што постапката за реализација на целиот процес се продолжува до 30 јуни, објави „Пивара Лашко“, најголемиот поединечен акционер на „Меркатор“ во продажниот конзорциум.
Конзорциумот од мнозинството сопственици на „Меркатор" и концернот „Агрокор", на 28 февруари потпишаа анекс на минатогодишниот купопродажен договор, со што постапката за реализација на целиот процес се продолжува до 30 јуни, објави „Пивара Лашко", најголемиот поединечен акционер на „Меркатор" во продажниот конзорциум.
Одлуката на „Пивара Лашко" мора претходно да биде потврдена од страна на Надзорниот одбор. Со анексот е одредена и новата продажна цена по акција, што изнесува 86 евра.
Со анексот на договорот „Агрокор" се обврзува дека „Меркатор" ќе се докапитализира со 225 милиони евра, од што 200 милиони ќе бидат наменети за банките-кредитори, на кои „Меркатор" им должи една милијарда евра, а преостанатиот износ ќе влезе како капитал на компанијата. Банките-кредитори ќе осигураат дополнителни 100 милиони евра кредит, за финансиска стабилизација на долгот на „Меркатор".
Со минатогодишниот купопродажен договор, предвидената цена беше 120 евра по акција, но без докапитализација, а рокот за заклучување на операцијата беше до 31 март.