
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Игор Мароша, член на управата на групацијата „Меркатор“ за работењето на словенечкиот и хрватскиот пазар, на конференцијата за новинари одржана на почетокот на декември 2012 г. во Загреб, ја претстави стратегијата со која „Меркатор“ во периодот што доаѓа планира ценовно и локациски да се доближи до сите потрошувачи.
Игор Мароша, член на управата на групацијата „Меркатор" за работењето на словенечкиот и хрватскиот пазар, на конференцијата за новинари одржана на почетокот на декември 2012 г. во Загреб, ја претстави стратегијата со која „Меркатор" во периодот што доаѓа планира ценовно и локациски да се доближи до сите потрошувачи.
Според неговите зборови, „Меркатор" во својот бизнис-план од 2013 до 2016 година го интегрира европскиот тренд за развој на продавници од помал формат ценовно приспособени на купувачот. Според континуираното намалување на цените во претходните две години, што го потврдува и истражувањето што го спроведе ГфК, трговецот порачува дека ќе го задржи високото ниво на услуга, како и дека уште повеќе ќе се посвети на квалитетот и изборот на понудата на овошје, зеленчук, месо и леб. Во текот на декември, маркети од помал формат беа отворени на неколку локации низ Хрватска.
| Игор Мароша, член на управата на групацијата „Меркатор": Понатамошниот развој ќе го насочиме кон помали формати во урбаните подрачја со фокус на ширењето на малопродажната мрежа во Загреб, Истра и во поголемите градови на Хрватска. Поинтензивно ќе работиме на проширување на понудата на нашата трговска марка, бидејќи купувачите сè повеќе го перципираат нејзиниот однос на квалитет и цена во однос на популарните брендови. |