
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во пресрет на влегувањето на Хрватска во Европската унија, а со цел задржување на трaдиционалниот начин на подготовка на храна и поттикнување на локалните производители и малите земјоделци, компанијата „Меркатор-Х“ го најави проектот „Вкуси го домашното“.
Во пресрет на влегувањето на Хрватска во Европската унија, а со цел задржување на трaдиционалниот начин на подготовка на храна и поттикнување на локалните производители и малите земјоделци, компанијата „Меркатор-Х" го најави проектот „Вкуси го домашното".
Текот на проектот е во три фази, а фокусот ќе биде насочен на клучните прехранбени категории.
Во првата фаза, што ќе трае до 17 април, вниманието ќе биде насочено кон традиционалното подготвување на лебот. Трговецот во шест региони во Хрватска ќе понуди по три видови леб направен од традиционалните состојки од поединечниот регион. Во текот на наредните две недели посетителите и купувачите во центрите „Меркатор" ќе ги дегустираат лебовите и ќе гласаат за најдобриот од тој регион, а производот со најмногу гласови, во секоја од шестте региони, ќе биде вклучен во постојаната понуда во „Меркатор".
Втората фаза, што ќе трае од 25 до 16 мај, ќе биде посветена на домашното месо. Како што се наведува во соопштението, „Меркатор" и „Гетро" ја засилија соработката со домашните доставувачи на свежо месо, така што во нивната понуда дури 80% од месото е од домашно потекло.
Третата и завршна фаза на проектот, од 23 мај до 13 јуни, во фокусот ќе биде овошјето и зеленчукот. „Меркатор" Хрватска работи со повеќе од 40 мали производители и уште пет задруги со по 20 кооперанти, стои во соопштението. Домашното овошје и зеленчук ќе биде изложено на посебно опремени штандови со што трговецот, како што соопштуваат, сака да им овозможи посебно внимание на локалните земјоделци, приближувајќи ги до купувачите и со тоа да го поттикне и домашното производство.