
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рамките на центарот „Гетро“ во Сесвете и Нови Загреб ќе се отворат нови продавници на „Јуск“, познатиот дански трговец на мебел. Продавниците ќе се простираат на околу 1.200 квадратни метри и на посетителите на центарот ќе им биде понуден широк асортиман за домаќинство.

Во рамките на центарот „Гетро" во Сесвете и Нови Загреб ќе се отворат нови продавници на „Јуск", познатиот дански трговец на мебел. Продавниците ќе се простираат на околу 1.200 квадратни метри и на посетителите на центарот ќе им биде понуден широк асортиман за домаќинство.
Соработката на „Јуск" и „Меркатор-Х", во чии рамки работи „Гетро", досега опфаќаше 12 продавници на „Јуск" во Хрватска, а понудата може да се пронајде во центрите на „Меркатор".
Во соопштението се наведува дека е потпишан договорот со претпријатието „Певец", што заедно со „Јуск" ќе ја збогатат содржината на центарот „Гетро" во Нов Загреб. Продавницата „Певец" во центарот „Гетро" ќе се простира на површина од 4.500 квадратни метри и својата врата ќе ја отвора на есен.
Стрaтегијата на „Меркатор-Х" е продавниците во центарот на „Гетро" да станат „маалски" центри што ќе содржат комплетна понуда; од прехранбени производи до технички асортиман и на тој начин на граѓаните да им обезбеди достапна купувачка на едно место, соопштуваат од компанијата.