
Групацијата „Меркатор“ во 2016 година планира остварување на приходи од продажбата во износ од 2,6 милијарди евра, што е повеќе од минатогодишниот резултат.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Меркатор" во 2016 година планира остварување на приходи од продажбата во износ од 2,6 милијарди евра, што е повеќе од минатогодишниот резултат.

Деловниот план за 2016 година предвидува пораст на приходите на сите пазари каде работи „Меркатор", освен на хрватскиот, а најголем промет се очекува да биде остварен на словенечкиот (56,2 отсто) и на српскиот пазар (35,7 отсто).
Порастот во Словенија, Србија и во Црна Гора се темели на отворањето нови продавници, додека во БИХ, приходите ќе се зголемуваат благодарение на поголемите пруходи од изнајмување на трговскиот простор. Во Хрватска ќе продолжи затворањето на останатите малопродажни објекти, така што приходите и понатаму ќе се намалуваат, соопштуваат од компанијата.
Во текот на годинава, групацијата планира нето-добивка од 55,3 милиони евра, односно продолжување на зајакнувањето на работењето.
За инвестиции планирани годинава, одвоени се 34 милиони евра, повеќето за реновирање на постоечките места, и тоа, како и минатата година, во најголем дел на словенечкиот и српскиот пазар. Во Словенија ќе бидат распоредени 58,2 отсто, а во Србија 27,2 отсто од вкупните инвестиции.