
„Меркатор БХ“ го претстави својот нов проект за здрава исхрана и новиот амбасадор за здрава исхрана на „Меркатор“ - Томислав Цвитанушиќ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Меркатор БХ" го претстави својот нов проект за здрава исхрана, а присутните на настанот можеа да дознаат повеќе за придобивките од здравата исхрана, но и да се запознаат со новиот амбасадор за здрава исхрана на „Меркатор" - Томислав Цвитанушиќ.
Благодарение на проектот на „Меркатор" - „Беше еднаш БИО секогаш" (Bio jednom BIO uvejk), сакаме да влијаеме на создавањето нови навики со кои сите заедно ќе живееме поздраво и ќе се храниме поздраво, бидејќи сум сигурен дека сè повеќе луѓе ја сфаќаат сериозноста и потребата за консумирање здрава храна, истакна Томислав Цвитанушиќ.
Како што истакнуваат од трговскиот синџир, модерниот и урбан ритам на живеење ни отежнува да се посветиме на здравата исхрана. Бидејќи е навистина важно да се храниме здраво, тие се фокусираа на креирање широк асортиман на производи.
Први сме во БиХ што го почнавме овој проект и за сите потрошувачи, во одделот за здрава исхрана, креиравме понуда од над илјада разновидни здрави производи од нашата палета Bio Zona, бидејќи сакаме заедно со слоганот „Беше еднаш БИО секогаш" да почнеме да ги менуваме нашите навики. „Меркатор" сака да поставува нови трендови со цел да обезбеди поквалитетно живеење и задоволство на голем број наши купувачи. Ова е само една од новостите што имаме намера да ги пласираме на пазарот на БиХ, истакна директорот на „Меркатор БХ" Ахмет Коштреба.