
Тони Блажич, претседател на управата на „Меркатор“, и Петер Вриск, претседател на Задружниот сојуз на Словенија, потпишаа договор за соработка.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Тони Блажич, претседател на управата на „Меркатор", и Петер Вриск, претседател на Задружниот сојуз на Словенија, потпишаа договор за соработка.
Договорот, кој беше потпишан на редовниот 43. годишен состанок на 9 март, обезбедува поддршка за домашното земјоделство и за задругите.
Словенечкиот задружен сојуз осигурува 80 отсто од вкупниот откуп на земјоделски производи во земјата. Со потпишувањето на овој договор, Сојузот и „Меркатор" го потврдуваат долгогодишното стратешко партнерство, чијашто цел е заштита на работните места во економијата, производството и во трговијата.