
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Меркатор-Х“ го претстави Саемот на мали земјоделци и производители на овошје и зеленчук, во пресрет на влезот на Хрватска во Европската унија, а со цел поддршка на домашните земјоделци и производители. Саемот е во рамките на завршната фаза на кампањата „Вкуси го домашното“, се наведува во соопштението на компанијата.
„Меркатор-Х" го претстави Саемот на мали земјоделци и производители на овошје и зеленчук, во пресрет на влезот на Хрватска во Европската унија, а со цел поддршка на домашните земјоделци и производители. Саемот е во рамките на завршната фаза на кампањата „Вкуси го домашното", се наведува во соопштението на компанијата.
По влезот во ЕУ „Меркатор-Х" ќе го задржи уделот од речиси 70% од домашните производители. Компанијата годишно откупува 15.000 тони домашно овошје и зеленчук, а соработува со вкупно 36 производители од сите региони во Хрватска, од кои пет се земјоделски задруги, а секоја задруга има околу дваестина мали кооперанти. Со цел поддршка на пласманот на домашните земјоделски производители, воведена е и локална понуда на помалите производители, а „Меркатор" ќе продолжи да ги пласира производите на своите полици во продавниците во рок од 24 часа од берењето.
Со посебното истакнување на понудата на домашните производители на купувачите сакаме транспарентно да им покажеме кои се нашите партнери и кое е потеклото на понудата на домашното овошје и зеленчук во „Меркатор". Во шест градови во Хрватска ќе ги претставиме регионалните и локалните производители со кои соработуваме, а со дополнителното означување ќе ја истакнеме нивната понуда и ќе настојуваме да ги информираме купувачите за предностите од сезонските домашни понуди. Гаранцијата на квалитетот јасно се докажува со декларирање на потеклото, изјави претседателот на Управата во „Меркатор-Х", Само Горјуп.