
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Меркатор“ во Хрватска го прошири проектот „Најниски цени на свежото месо во градот“ во сите продавници на „Гетро“ во Хрватска и дополнително во продавниците на „Меркатор“, а на купувачите од кој било дел од градот доколку пронајдат производ по пониска цена гарантираат враќање на разликата во вид на бонови за купување, соопштено е од тој трговски синџир.
„Меркатор" во Хрватска го прошири проектот „Најниски цени на свежото месо во градот" во сите продавници на „Гетро" во Хрватска и дополнително во продавниците на „Меркатор", а на купувачите од кој било дел од градот доколку пронајдат производ по пониска цена гарантираат враќање на разликата во вид на бонови за купување, соопштено е од тој трговски синџир.
Поради инзвонреден успех на пилот проектот „Најниски цени на свежото месо во градот" „Меркатор-Х" од 28 март ја проширува кампањата во сите продавници на „Гетро" во Хрватска и дополнително во четири продавници на „Меркатор", стои во соопштението.
На купувачите во кој било дел од градот доколку најдат производ по пониска цена, трговецот им гарантира враќање на разликата во вид на бонови за купување.
Бидејќи акцијата од почетокот резултираше со голем успех, одлучивме да ја прошириме и на останатите делови во Хрватска и на тој начин да им овозможиме на уште поголем број купувачи купување на свежо месо по поволни цени. Тоа е дел од новата стратегија со која се ориентираме на потрошувачите, а и во иднина ќе осмислуваме проекти што обезбедуваат поволна купувачка, изјави Леа Марцијуш, директор на службата за односи со јавноста во „Меркатор-Х".