
„Меркатор“ и „Словенске железнице“ потпишаа договор за купување на земјиште за изградба на логистичко-дистрибутивниот центар на „Меркатор“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Меркатор" и „Словенске железнице" потпишаа договор за купување на земјиште за изградба на логистичко-дистрибутивниот центар на „Меркатор".
Вредноста на транскацијата изнесува 17 милиони евра, а целата инвестиција ќе достигне вредност од 100 милиони евра.
Парцелата се простира на 114.636 квадратни метри, додека центарот ќе заземе околу 88.000 квадратни метри. Почетокот на изградбата е потврден за втората половина од 2017 година.
По резултатите од 2015 година, кога успешно го фокусиравме работењето во позитивна насока и ја обновивме малопродажната мрежа, сега приоритет ни се вложувањата во логистиката и дистрибуцијата, изјави Тони Балажич, претседател на управата на „Меркатор".